• среда, 09 октомври 2024

СДСМ: Токму заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот чини толку

СДСМ: Токму заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот чини толку

Скопје, 9 октомври 2024

Кичево-Охрид е класичен пример како не треба да се проектира и не смее да се започне со изградба голем инфраструктурен проект.

Се работи за анекс кој е направен во 2018 година токму поради неспособноста и фушерајот со кој Дпмне го започна овој проект во 2014 година без анализа на терен и лоши технички решенија.

Затоа владата на СДСМ како одговорна влада врз база на експертски мислења од надзорниот орган и фидик еспертите пристапи кон репроектирање на поголем дел од трасата со цел тој автопат да може да се реализира. Поради новите ископи од преку 10 милиони метри кубни земја и нови технички решенија се зголеми цената на чинење на проектот.

Доколку не се случеа тие репроектирања дпмне немаше денеска да може да се фали со рокови за завршување на изградбата на тој автопат.

Впрочем сите образложенија за нивните катастрофални грешки ги имаат и во ЈПДП, ДПМНЕ може слободно да ги побара.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

Реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан