Мицкоски-Куртулмуш: Интензивирање на односите во областите кои се од заедничко значење и важност
- Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Република Турција, кој денеска престојува во официјална посета на земјава.

Скопје, 21 декември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Република Турција, кој денеска престојува во официјална посета на земјава.
- Ги потврдивме одличните и пријателски односи со Турција. Ја истакнав заложбата да се интензивира економската и културна соработка, како и интензивирање на односите во областите кои се од заедничко значење и важност, објави Мицкоски, на Фејсбук.
Куртулмуш во рамки на посетата на Скопје, денеска оствари средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши. аа/
Фото: ФБ на Христијан Мицкоски