• петок, 14 март 2025

СДСМ: Милиони во омилени фирми на власта

СДСМ: Милиони во омилени фирми на власта

14 март 2025 

СДСМ јавно прашува: До кога Јавното обвинителство ќе молчи за тендерските шеми и скандали на ДПМНЕ? 

Случаите со милионските зделки на општините и институциите под нивна контрола, како и договорите склучени само со едни исти омилени форми, кои најчесто ги добиваат тендерите и се јавуваат како единствени понудувачи е основен сомнеж за корупција.

СДСМ објави документи и факти дека една фирма, преку неколку општини и институции во последните 3 години има добиено тендери вредни над 4,5 милиони евра. 

Претходно објавивме документи и факти за друга фирма омилена на власта, која во четири години добила 50 тина тендери вредни 10 милиони евра, речиси сите од општини под контрола на ДПМНЕ.

Како е можно едни исти фирми да бидат победнци на толку многу тендери во општини и институции кои ги води ДПМНЕ?

СДСМ бара итна реакција од надлежните органи. ЈО мора да постапи, а јавноста заслужува одговори – кој профитира од овие сомнителни тендери? 

Тишината на институциите е соучесништво!

Граѓаните гледаат, а одговорност мора да има!

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан