СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик
- СООПШТЕНИЕ - На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, со гордост може да кажеме дека со своите државнички политики СДСМ успеа да го заштити, да го афирмира и да го унапреди македонскиот јазик.

Скопје, 21 февруари 2025
На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, со гордост може да кажеме дека со своите државнички политики СДСМ успеа да го заштити, да го афирмира и да го унапреди македонскиот јазик.
Македонскиот јазик денеска е признат во Обединетите нации, со потпишување на Договорот со Фронтекс тој стана дел од јазиците кои официјално се користат во Европската унија.
Со буџетски средства ја поддржавме дигитализацијата на сите картотеки во Институтот за македонски јазик, со што трајно заштитивме 5 милиони вредни записи на македонски текстови.
Го поддржавме и проектот за дигитализиран „Толковен речник на македонскиот јазик“. Го дигитализиравме и Правописот на македонскиот јазик, со што овие значајни јазични ресурси стануваат подостапни за пошироката јавност.
После 24 години, за прв пат во време на владата на СДСМ обезбедивме нови вработувања на научници во Институтот за македонски јазик.
Минатата година го донесовме и Законот за употреба на македонскиот јазик, со што испишавме нова страница во историјата на јазичната и културната политика во нашата држава.
Со овој закон се воведоа значајни мерки, меѓу кои и: Задолжително лекторирање на сите официјални материјали со јавно објавување на лекторите, Вработување на лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на власт, Основање на Инспекторат за употреба на македонскиот јазик за контрола на примената на законот.
Но и стипендирање на ученици и студенти на сите нивоа за проучување на македонскиот јазик и отворање нови работни места за лектори во институциите, училиштата, издавачките куќи и медиумите.
Овој закон е конкретен доказ за нашата грижа за македонскиот јазик, за неговото унапредување и афирмирање.
За жал после 9 месеци власта нема ништо преземено иако има законски обврски за тоа.
Зошто не е основан инспекторатот за употреба на македонски јазик?
Зошто нема вработување лектори?
Од ДПМНЕ се гласни како опозиција а како власт не прават ништо.
Тоа е истата партија која ликот и делото на еден од најголемите великани Блаже Конески го нарекуваше „џуџето од Небрегово“, која досега нема направено ништо за унапредување на македонскиот јазик.
На меѓународниот ден на мајчиниот јазик СДСМ ја повикува власта да покаже барем малку грижа за македонскиот јазик и да ги преземе сите законски обврски што досега не се преземени: веднаш да биде отворен Инспекторатот за македонски јазик и сите останати обврски кои не се исполнети.
Прес-конференција, Маја Серафимовска - Борозан, Форум на жени на СДСМ
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.