САД: Преговорите за втората фаза од прекинот на огнот во Газа ќе продолжат оваа недела
- Преговорите за втората фаза од прекинот на огнот во Газа и размената на израелски заложници и палестински затвореници се очекува да продолжат неделава, изјави американскиот специјален пратеник Стив Виткоф.

Вашингтон, 17 февруари 2025 (МИА) - Преговорите за втората фаза од прекинот на огнот во Газа и размената на израелски заложници и палестински затвореници се очекува да продолжат неделава, изјави американскиот специјален пратеник Стив Виткоф.
Втората фаза од преговорите предвидува ослободување на преостанатите преживеани израелски заложници.
Разговорите ќе продолжат на непозната локација, рече тој, по многу „продуктивни и конструктивни“ телефонски разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и шефот на египетското разузнавање Хасан Рашад, објави американскиот телевизиски канал Фокс њуз. Овие три земји посредуваа во првата фаза од прекинот на огнот, кој започна на 19 јануари и се очекува да заврши до 1 март.
Веднаш по изјавата на Виткоф, канцеларијата на Нетанјаху објави дека израелскиот безбедносен кабинет денеска ќе разговара за втората фаза од преговорите. ссм/
фото: архива