• среда, 24 јули 2024

САД воведоа санкции на членови на ИСИС во Африка

САД воведоа санкции на членови на ИСИС во Африка

Вашингтон, 23 јули 2024 (МИА) – САД денеска презедоа чекори за унапредување на активностите на мисијата на Финансиската група за борба против ИСИС (ЦИФГ), која ги поддржува меѓународните напори за сузбивање на финансирањето на Исламската држава во Ирак и Сирија (ИСИС) и ширум светот.

Во согласност со посветеноста на Вашингтон во борбата против ИСИС и во контекст на 20-от состанок на ЦИФГ, САД означија три лица за вмешаност во мрежа поврзана со проширените активности на ИСИС во Африка, соопшти денеска американското Министерство за финансии.

Овие лица се клучни финансиери и двигатели на активностите на ИСИС низ централна, источна и јужна Африка, вклучувајќи ги Конго, Мозамбик и Сомалија, соопшти Министерството. јт/

Остани поврзан