• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 229 загинати во свлечиштата во Етиопија

Најмалку 229 загинати во свлечиштата во Етиопија

Адис Абеба, 23 јули 2024 (МИА) – Бројот на загинати во двете свлечишта во јужна Етиопија се искачи на 229 и може дополнително да се зголеми бидејќи потрагата по преживеани и жртви продолжува втор ден, соопштија денеска владини претставници.

Свлечиште затрупа луѓе во зоната Гофа во регионот на Јужна Етиопија во неделата во текот на ноќта, а потоа второ лизгање на земјиштето во понеделникот наутро ги зафати оние кои се собраа да помогнат.

- Не знам кога ќе престане. Сè уште извлекуваме тела, изјави Маркос Мелесе, шеф на Националната агенција за управување со катастрофи во зоната Гофа.

- Сè уште копаме, додаде тој.

Во Етиопија свлечиштата се вообичаена појава за време на сезоната на дождови, што годинава почна во јули и се очекува да трае до средината на септември. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан