• среда, 24 јули 2024

Анкета: Скоро една третина Украинци се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да заврши војната

Анкета: Скоро една третина Украинци се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да заврши војната

Киев, 23 јули 2024 (МИА) – Речиси една третина од Украинците би биле подготвени да прифатат некои територијални отстапки за Русија со цел брзо завршување на војната, што е повеќе од трикратно зголемување од минатата година, иако мнозинството сè уште одбива какви било отстапки, според анкета која беше објавена денеска.

Киевскиот меѓународен институт за социологија соопшти дека неговата анкета спроведена од 16 до 22 мај на територијата контролирана од Украина покажала дека 32 отсто од испитаниците се согласуваат на некаков облик на територијални отстапки, во споредба со само 10 отсто пред една година и 19 отсто на крајот од минатата година.

Се наведува дека 55 отсто од Украинците се уште се против какви било територијални отстапки.

Скоро 29 месеци од руската инвазија, Русија држи околу 18 отсто од територијата на Украина, вклучувајќи го и полуостровот Крим што го анектираше во 2014 година.

Украинските војници годинава беа во дефанзива, соочени со руски воен напредок откако украинската контраофанзива минатата година не постигна значителни резултати, пренесува Политика. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан