• среда, 24 јули 2024

Макрон: Нов премиер и влада по завршувањето на Олимписките игри

Макрон: Нов премиер и влада по завршувањето на Олимписките игри

Париз, 24 јули 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека по завршувањето на Олимписките игри во Париз ќе именува нов премиер, а потоа ќе се формира и нова влада.

Тој ја отфрли можноста да поднесе оставка пред крајот на мандатот.

Макрон призна дека неговата партија претрпе пораз на изборите претходно овој месец и одби да коментира дали новиот премиер ќе биде некој од победничката левичарска коалиција.зш/
фото ЕПА

Остани поврзан