• четврток, 25 јули 2024

Германија и Велика Британија се договорија за засилена соработка во одбраната

Германија и Велика Британија се договорија за засилена соработка во одбраната

Берлин, 24 јули 2024 (МИА) – Германскиот министер за одбрана Борис Писториус на денешниот состанок во Берлин со новиот британски секретар за одбрана Џон Хили потпишаа заедничка декларација за засилена одбранбена соработка меѓу Германија и Обединетото Кралство.

Писториус рече дека е „уверен дека ќе ги освежиме и интензивираме нашите германско-британски односи“, пренесе ДПА.

- Сакаме да ги поставиме нашите односи на нова основа рече Писториус и затоа двете земји ја потпишаа декларацијата.

Тоа вклучува зајакнување на одбранбената индустрија во двете земји и поблиска соработка во развојот, производството и набавката на оружје и муниција, како и истите стандарди за системи за оружје и муниција, рече германскиот министер.

Тој истакна дека ова е една од лекциите што треба да се извлечат од војната што Русија ја води против Украина. Писториус, исто така, истакна дека треба да се зајакне европскиот столб во НАТО.

Хили ја нарече декларацијата „голем чекор додека создаваме нови, подлабоки одбранбени односи меѓу Велика Британија и Германија“.

- Нашите воени култури се слични. Заедно се бориме, тренираме заедно и пиеме пиво заедно, додаде Хили.

Писториус го прими Хили со воени почести за неговата инаугуративна посета. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан