• недела, 09 март 2025

Утрото студено, а потоа сончево и топло до 23 степени

Утрото студено, а потоа сончево и топло до 23 степени

Скопје, 8 март 2025 (МИА) - Времето утрово постудено, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според рогнозата на УХМР, во наредите денови продолжува периодот на топло време за овој дел од годината. Од средината на новата работна седмица ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер./

Фото: МИА

Остани поврзан