• среда, 24 јули 2024

Руските пратеници бараат да се воведат дисциплински казни - апсење до 10 дена затвор за војниците кои користат смартфони во војната во Украина

Руските пратеници бараат да се воведат дисциплински казни - апсење до 10 дена затвор за војниците кои користат смартфони во војната во Украина

Москва, 23 јуни 2024 (МИА) - Руските војници кои користат електронска техничка опрема со камера и геолокација во борбени зони како што е Украина би можеле да се соочат со дисциплински казни - апсење до 10 дена, според предложените амандмани на комитетот за одбрана на Државната дума на Русија.

Според предлогот на пратениците, носењето електронски уреди на бојно поле, апарати и технички средства со „домашна намена, во кои можат да се складираат или кои дозволуваат, со користење на информациската и телекомуникациската мрежа на интернет, да дистрибуира или обезбедува аудио, фото и видео материјали и податоци за геолокација“, да се смета за груба дисциплинска прекршок.

Новите правила ќе им овозможат на командантите на воените единици да одлучат дали да наметнат дисциплинско апсење на војници. Според предложените измени, за еднократно прекршување ќе се изрече дисциплински притвор во времетраење од 10 дена.

Во извештајот од 2024 година на шведската компанија за софтвер за кибер безбедност Enea се вели дека мобилните телефони може лесно да се следат на бојното поле на многу начини од завојуваните страни во руско-украинскиот конфликт.

Во украинскиот ракетен напад во 2023 година, околу 100 руски војници стационирани во зградата на стручното училиште во областа Доњецк во Украина, која е под руска контрола, беа убиени откако неовластена употреба на мобилни телефони им овозможи на силите на Киев да ги откријат. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан