• вторник, 25 март 2025

Русија ја нападна Украина со 147 дронови, соопшти украинското воздухопловство

Русија ја нападна Украина со 147 дронови, соопшти украинското воздухопловство

Киев, 23 март 2025 (МИА) - Русија ноќта ја нападна Украина со 147 беспилотни летала, соопшти денеска украинското воздухопловство.

Беа нападнати неколку украински региони.

Украинските сили за воздушна одбрана уништија 97 беспилотни летала.

Уште 25 дронови не стигнаа до своите цели, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили на апликацијата за комуникација Телеграм. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан