• среда, 26 март 2025

Русија револтирана од „Тајм“, кој објави фотографија од Зеленски пред слика на која Кремљ гори

Русија револтирана од „Тајм“, кој објави фотографија од Зеленски пред слика на која Кремљ гори

Москва, 25 март 2025 (МИА) – Фотографијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски како позира пред слика на која е прикажан Кремљ како гори објавена од магазинот „Тајм“ предизвика гнев во Москва.

- Не би коментирал. Претпоставувам дека ова на најдобар начин го илустрира нивото на духовен развој и внатрешната состојба на оној кој позираат пред такви слики. Во секој случај, тоа не е во интерес на тие кои снимаат и објавуваат, како ниту на тие кои позираат, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за фотографијата објавена вчера од американскиот магазин.

„Тајм“ објави дека над креветот на Зеленски има три слики. На едната е прикажан руски воен брод кој тоне во Црно Море, на другата се прикажани украински војници во борба на руска територија и на третата е прикажан Кремљ како гори.

Сликата на која е прикажан Кремљ како гори е од 2022 година на грузискиот уметник Сандро Антаѕе. Таа е именувана – „Сон“, а Зеленски изјавил дека му е омилена.

Зеленски осврнувајќи се на сликите за „Тајм“ наведе дека „Секој е за победа … Тоа е местото каде што живеам“. ми/

фото: Икс

Остани поврзан