• петок, 23 август 2024

Русија поведе кривични постапки против новинари поради известување од регионот Курск

Русија поведе кривични постапки против новинари поради известување од регионот Курск

Москва, 22 август 2024 (МИА) - Руската безбедносна служба ФСБ денеска соопшти дека иницирала кривични случаи против новинари поради нелегално преминување на границата.

ФСБ наведува дека новинарите се товарат поради нелегално преминување на границата и влез во руската област Курск, што е под контрола на Украина.

Постапка е поведена против новинари од Си-ен-ен, од РАИ и двајца украински новинари и наскоро против нив ќе биде распишана меѓународна потерница.

За нелегално преминување на границата, во согласност со руските закони, предвидена е казна затвор до пет години. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан