• сабота, 09 ноември 2024

Русија се сомнева во трдењата на Трамп дека може да го реши конфликтот во Украина за еден ден

Русија се сомнева во трдењата на Трамп дека може да го реши конфликтот во Украина за еден ден

Москва, 1 септември 2024 (МИА) - Русија не преферира ниту еден кандидат на американските претседателски избори во ноември, но „демократите се попредвидливи“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

- Немаме префериран кандидат, но секако дека демократите се попредвидливи. Она што го кажа Путин за предвидливоста (на американскиот претседател Џо Бајден) се однесува практично на сите демократи, вклучувајќи ја и потпретседателката Камала Харис, рече Песков во интервју за руска телевизија, пренесува БТА.

Тој истакна дека може да се предвиди и како ќе продолжи американската политика кон Русија.

Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш не си дозволува да биде груб кон лидерите на другите земји, притоа потсетувајќи како Бајден еднаш го нарече својот руски колега „убиец“.

 - Претседателот Путин секогаш е исклучително внимателен во изјавите за своите колеги. Никогаш не си дозволува, не само грубост, туку дури и непристојност кон лидерите на другите земји. Се разбира, за него беше несфатливо кога шефовите на другите земји, особено шефот на САД, во својот речник употребуваа такви зборови кога зборуваше за својот колега, рече портпаролот на Кремљ.

Тоj изрази сомнеж во тврдењата на поранешниот американски претседател и актуелен претседателски кандидат на Републиканската партија, Доналд Трамп, дека постои можност, во случај тој да биде избран, конфликтот во Украина да се реши за еден ден.

- Мислам дека не постои волшебно стапче. Не е можно да се направи ништо во еден ден. Ако претпоставиме дека следниот претседател на Соединетите Американски Држави за време на неговиот инаугуративен говор каже дека САД се за мир и затоа ја ќе прекинат поддршката за Украина, ќе ги запрат сите програми за воена помош и ги повикаат земјите да седнат на преговарачка маса, тогаш генерално, наутро, нешто во нечија глава ќе се смени, особено во Киев, рече Песков. коментирајќи ги ветувањата на Трамп. Но, нагласи, тоа се хипотетички размислувања.

Доналд Трамп повеќепати ветуваше дека ќе го реши украинскиот конфликт уште пред да ја преземе функцијата. Тој исто така истакна дека доколку победи на изборите, веднаш лично ќе им се обрати на претседателите на Украина и Русија со повик за почеток на преговори.са/

Фото: ЕПА

Остани поврзан