• среда, 18 декември 2024

Руд избори полуфинале на втор турнир

Руд избори полуфинале на втор турнир
Хамбург, 25 септември 2020 (МИА) – Норвешкиот тенисер Каспер Руд го победи Југо Ембер на турнирот во Хамбург со 2-1 (7:5, 3:6, 6:1) за 2 часа и 38 минути. Годинава Руд не загуби ниту еден од 16-те меча на кои го доби првиот сет. Норвежанецот стигна до полуфиналето на вториот турнир по ред - минатата недела на Мастерсот во Рим, загуби во полуфиналето од освојувачот на трофејот Новак Ѓоковиќ. За Руд, ова ќе биде четврто полуфинале во сезоната: покрај во Рим, тој стигна до оваа фаза во Буенос Аирес (ја зеде првата титула на АТП во својата кариера) и во Сантијаго (загуби во финалето). Следниот противник на Руд на турнирот во Хамбург ќе биде Андреј Рублев. зс/

Остани поврзан