Стефан Петриќ потпиша за ГРК Охрид
- Ракометарот на Вардар, Стефан Петриќ, следната сезона ќе настапува за ГРК Охрид.
Охрид, 3 јуни 2025 (МИА) – Ракометарот на Вардар, Стефан Петриќ, следната сезона ќе настапува за ГРК Охрид.

- Дваесет и четиригодишниот лев бек (197cm) по две години поминати во тимот на РК Вардар 1961 потпиша за "Гладијаторите" за сезоната 2025/2026. Петриќ пред да направи трансфер во Македонија, беше лидер на својот Партизан, а има настапи за сите младински категории за репрезентацијата на Србија, соопшти ракометниот суперлигаш од Охрид.
Амбициите на ГРК Охрид се да создадат конкурентен тим кој ќе може да се трка за највисок пласман со Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Вардар во претстојните сезони. зс/
Фото: ЕПА