• петок, 05 декември 2025

Сабаленка прва полуфиналистка на „Ролан Гарос“

Сабаленка прва полуфиналистка на „Ролан Гарос“

Париз, 3 јуни 2025 (МИА) - Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ќе игра во полуфиналето на Грен слемот во Париз. Таа денес во четвртфиналето на Ролан Гарос во два сета ја победи Женг Чинвен од Кина - 7:6 (7:3) и 6:3.

Во меч што траеше два часа, светскиот женски рекет број еден сервираше шест пати асови, направи две двојни грешки и реализира четири брејк топки од вкупно шест шанси. 

Кинеската тенисерка која го зазема 7. место на светската ранг-листа, имаше пет аса, исто толку двојни сервис грешки и две конвертирани брејк топки од две можности.

За пласман во финалето на Отвореното првенство на Франција, Сабаленка ќе ги одмери силите со победничката од мечот меѓу Украинката Елина Свитолина и Ига Швјонтек од Полска.

„Ролан Гарос“ 2025 се игра за вкупен награден фонд 56.4 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан