• недела, 18 август 2024

Родри го пропушта мечот против Челси

Родри го пропушта мечот против Челси

Манчестер, 16 август 2024 (МИА) - Новата сезона во Премиер лигата ќе започне вечерва со натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Фулам од 21:00 часот, а Манчестер Сити одбраната на титулата ќе ја започне в недела од 17:30 часот.

Сепак, менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола на стартот од сезоната со Челси нема да смета на шпанскиот играч за врска, Родриго Ернандез, кој се уште не се вклучил во тренажниот процес.

-Нема шанси, кратко одговорил на прашање на „Атлетик“ за учеството на Родри во дуелот со лондонскиот тим.

Родри е еден од најзначајните играчи на Гвардиола во составот на „граѓаните“, а имаше значајна улога и во походот кон трофејот на ЕП во Германија летово. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан