• сабота, 23 ноември 2024

Медиуми: Хакими во ПСЖ до 2029

Медиуми: Хакими во ПСЖ до 2029

 

Париз, 22 ноември 2024 (МИА) – Мароканецот Ашраф Хакими, кој во ПСЖ пристигна во 2021 година, го продолжи договорот со парискиот клуб до 2029 година, објави денеска весникот „Л’Екип“.

Претходниот договор на 26-годишниот марокански репрезентативец истекуваше во 2026 година.

Хакими од почетокот на сезоната одигра девет натпревари во француската Лига и четири во Лигата на шампиони, постигнувајќи по еден гол во двете натпреварувања.

„Вистина е дека од сите играчи што ги сретнав, никогаш не сум видел подобар десен бек од него, но тој има простор за напредок, огромен потенцијал“, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике на почетокот на ноември.

Минатата година Хакими беше обвинет за силување, што тој го негира.

Истрагата сè уште е во тек. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан