• петок, 08 ноември 2024

Робертсон го продолжи договорот со Ливерпул до 2026 година

Робертсон го продолжи договорот со Ливерпул до 2026 година
Ливерпул, 24 август 2021 (МИА) - Дефанзивецот Ендрју Робертсон го продолжи договорот со Ливерпул, соопшти прес-службата на клубот. Новиот договор е со важност до 2026 година. Робертсон се приклучи на Ливерпул од Хал летото 2017 година. Во сезоната 2020/21, 27-годишниот Шкотланѓанец одигра 38 натпревари во Премиер лигата, постигна еден гол и направи седум асистенции. зс/

Остани поврзан