• четврток, 05 декември 2024

Од понеделник во продажба билети за дуелите со Летонија и Ф. Острови во Лигата на нации

Од понеделник во продажба билети за дуелите со Летонија и Ф. Острови во Лигата на нации

 

Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) – Билетите за двата завршни дуели на македонската фудбалска репрезентација во Лигата на нации ќе бидат пуштени во продажба во понеделник, објави попладнево Фудбалската федерација на Македонија.

Македонските фудбалери в четврток на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе ја пречекаат Летонија (20:45 часот), а в недела во последното коло од 15 часот ќе играат против Фарски Острови.

Цената на билетите, како што објави ФФМ, е од 200 и 400 денари.

Пред двете завршни кола во групата Ц4, македонската репрезентација е првопласирана со 10 бодови, пред Ерменија и Летонија со по четири и Фарски Острови со три бодови. ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан