Аморим се извини за настапот на Манчестер јунајтед во сезоната 2024/25
- Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, се извини за настапот на својот тим во сезоната 2024/25 и ги сподели своите очекувања за сезоната 2025/26.

Манчестер, 17 август 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, се извини за настапот на својот тим во сезоната 2024/25 и ги сподели своите очекувања за сезоната 2025/26.
- Сакам да се извинам за минатата сезона. Мораме да направиме избор сега, или ќе бидеме заглавени во минатото. Или се бориме едни против други или се држиме заедно и продолжуваме напред. Денес, по оваа сезона на катастрофи, сакам да ви кажам: „Доаѓаат добри денови“. Секогаш сум под притисок кога треба да настапам. Невозможно е да се биде тука и да не се чувствува притисок секој ден. Знам дека во некои моменти ќе имаме проблеми во натпреварот од првото коло против Арсенал. Но, мислам дека сме подобро подготвени. Чувствувам дека имаме повеќе играчи кои можат да ни помогнат да ја промениме играта. Имаме повеќе опции. Ако нешто тргне наопаку, можеме да го промениме. Ова ми дава поголема самодоверба во секој натпревар, рече 40-годишниот Португалец на прес-конференција.
Манчестер јунајтед попладнево ќе игра против Арсенал во првиот натпревар од сезоната 2025/26 во Премиер лигата на 17 август. Натпреварот ќе започне во 17:30 часот. зс/
Фото: ЕПА