• вторник, 11 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гасперини: Евентуалното заминување на Коне би било голема загуба за нас

Гасперини: Евентуалното заминување на Коне би било голема загуба за нас

Рим, 17 август 2025 (МИА) – Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини даде свој коментар за можниот трансфер на играчот од средниот ред Ману Коне во Интер.

- Ќе видиме што ќе се случи во следните петнаесет дена. Коне е играч од врвно ниво. Неговото заминување би било голема загуба за нас. Треба да видиме што можеме да направиме. Сите знаете дека финансискиот фер-плеј е проблем за нас. Не сме активни на пазарот повеќе од дваесет дена. И не сум задоволен од тоа.
Ќе видиме дали можеме да постигнеме нешто без да изгубиме играчи. Јасно ставив до знаење што треба да се направи. И клубот беше многу отворен со мене. Се надеваме дека можеме да го постигнеме она што го сакаме, рече 67-годишниот италијански тренер на прес-конференција.

Дваесет и четиригодишниот француски играч од средниот ред Ману Коне игра за Рома од август 2024 година. Во сезоната 2024/25, тој постигна два гола и направи три асистенции во 46 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор е до 30 јуни 2029 година.

Трансфермаркт ја проценува трансферната вредност на играчот на 40 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан