Гвардиола се пожали на преголемиот број играчи во Манчестер сити
- Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, изјави дека во моментов има премногу играчи во тимот.

Манчестер, 17 август 2025 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, изјави дека во моментов има премногу играчи во тимот.
- Премногу луѓе. Ми се допаѓа кога силен тим игра во сите натпреварувања, но не сакам да ги оставам играчите дома. Тоа е штетно. Невозможно е да се создаде добра атмосфера. Секој треба да чувствува дека може да игра и да помогне. Клубот знае за ова уште од минатата сезона, не е вест, но ситуацијата е таква каква што е. Во следните две недели ќе разговараме со фудбалерите и нивните агенти за да најдеме решение, рече 54-годишниот шпански специјалист на прес-конференција.
Во првиот натпревар од сезоната 2025/26 во Премиер лигата, Манчестер сити вчеравечер го победи Вулверхемптон на гостински терен со 4:0. зс/
Фото: ЕПА