• вторник, 21 април 2026

Распродадени сите влезници за Ф4 на Евролигата

Распродадени сите влезници за Ф4 на Евролигата

Атина, 20.април 2026 (МИА) – Раководството на кошаркарската Евролига соопшти дека сите влезници за годинашниов Ф4 што од 22 до 24.мај ќе одржи во Атина се распродадени. Последниот контингент влезници беше пуштен во продажба денеска и во кус рок веднаш беше распродаден.

„Влезниците беа продавани во неколку фази, а последната беше распродадена денеска. Тоа значи дека сите влезници за фајнл-форот за 2026 се во целост продадени, соопшти Евролигата.

Брзата распродажба на влезниците уште еднаш потврди дека завршницата на Евролигата се светски настан со огромен број на навивачи. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан