• вторник, 21 април 2026

Ван Дајк: Ливерпул мора да продолжи да се бори и да го извлече најдоброто од оваа тешка сезона

Ван Дајк: Ливерпул мора да продолжи да се бори и да го извлече најдоброто од оваа тешка сезона

Ливерпул, 21 април 2026 (МИА) - Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го сподели своето мислење за тоа дали победата над Евертон во 33. коло од Премиер лигата ќе влијае на шансите на тимот за квалификација во Лигата на шампионите 2025/26.

Во неделата „Црвените“ го победија Евертон со 2-1 на гости. Ван Дајк го постигна победничкиот гол во 90+11-та минута.

- Може ли оваа победа да ни помогне да се квалификуваме за Лигата на шампионите? Апсолутно. Имаме уште пет натпревари пред нас против тимови кои се исто така кандидати за овој турнир. Секој натпревар е многу важен за нас, изјави Ван Дајк за „Скај спортс“.

Фудбалерот додаде дека тимот е разочаран од начинот на кој се одвиваше сезоната. Според него, на Ливерпул му недостасуваше квалитет.

- Мора да продолжиме да се бориме, да одиме напред и да го извлечеме најдоброто од оваа предизвикувачка сезона. Тоа е реалноста. Денес успеавме да освоиме три бода, а нашиот следен натпревар е дома против Кристал Палас, тим што не сме го победиле подолго време, нагласи Ван Дајк.

Ливерпул има 55 бода и е на петтото место на табелата во англиската Премиер лига. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан