• понеделник, 27 јануари 2025

Речиси 30 отсто од сириските бегалци на Блискиот Исток сакаат наскоро да се вратат во својата земја

Речиси 30 отсто од сириските бегалци на Блискиот Исток сакаат наскоро да се вратат во својата земја

Дамаск, 26 јануари 2025 (МИА) - Речиси 30 отсто од милионите сириски бегалци кои живеат во земјите од Блискиот Исток сакаат да се вратат во својата татковина по паѓањето на режимот на Башар ал Асад, изјави високиот комесар на Обединетите анции за бегалци, Филипо Гранди.

„Минатата година речиси никој од нив не сакаше да се врати“, изјави тој за новинарите во Дамаск по состанокот со новата Влада во Сирија.

Податоците што ги објави Гранди се засноваат на проценка спроведена од ОН во јануари.

„Околу 200.000 сириски бегалци веќе се вратени по соборувањето на режимот на Асад“, рече високиот комесар.

Кон нив се додадени и околу 300.000 Сиријци кои побегнаа назад во Сирија од Либан за време на војната меѓу Хезболах и Израел во септември и октомври, од кои повеќето се верува дека останале во својата татковина.

Враќањето на околу шест милиони Сиријци кои избегаа во странство за време на граѓанската војна, како и на милиони внатрешни бегалци, е главна задача поставена од новата влада во Сирија.

Сепак, Гранди рече дека за тоа ќе биде потребна поголема помош од донаторите, како и преиспитување на санкциите против Дамаск.

„Ако се укинат санкциите, тоа ќе ги подобри условите во местата каде што луѓето се враќаат“, рече Гранди. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан