• понеделник, 27 јануари 2025

СБ на ОН побара од бунтовниците во Конго веднаш да ја прекинат офанзивата

СБ на ОН побара од бунтовниците во Конго веднаш да ја прекинат офанзивата

Њујорк, 27 јануари 2025 (МИА) – Советот за безбедност на Обединетите нации вчера побара бунтовничките сили М23 во Демократска Република Конго веднаш да ја прекинат офанзивата и „странските сили“ веднаш да ги повлечат своите трупи од земјата.

Барањето на Советот за безбедност на ОН дојде само неколку часа откако бунтовничките сили М23 поддржани од Руанда соопштија дека го зазеле Гома, најголемиот град во источно Конго, по нападот што принуди илјадници луѓе да избегаат и предизвика загриженост за можно избувнување на регионален конфликт.

Светските агенции јавуваат дека не може независно да се потврди дали градот Гома е целосно под контрола на бунтовниците. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан