• сабота, 27 јули 2024

Регистарот на професионални онлајн медиуми на агрегаторот Тајм

Регистарот на професионални онлајн медиуми на агрегаторот Тајм
Скопје, 16 април 2021 (МИА) - Регистарот на професионални онлајн медиуми Промедиа.мк отсега ќе бидат јасно назначени на агрегаторот Time.mk (https://time.mk/blue), информираат Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Time.mk. Со ова, информираат од ЗНМ, агрегаторот Time.mk се придружува на напорите за саморегулација на двете новинарски оганизации во обид да се препознаат професионалните и етички онлајн медиуми. -Саморегулацијата на медиумскиот простор со ова добива нов квалитет, чекор плус за професионализација на онлајн сферата, како една од алатките кон зголемување на медиумската писменост во државата, но и за заштита на граѓаните од информации што не се обработени според Кодексот на новинари и стандардите на новинарската професија, се вели во соопштението од ЗНМ. Процесот на приклучување кон Регистарот останува отворен за медиумите коишто ги исполнуваат критериумите наведени на веб-страницата на СЕММ. аа/дма/  

Остани поврзан