• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Реал прв финалист во шпанскиот куп

Реал прв финалист во шпанскиот куп

Мадрид, 2 април 2025 (МИА) – Реал Мадрид синоќа одигра 4:4 со Реал Сосиедад и се пласираше во финалето на Купот на Кралот.

Победникот од двомечот беше решен по продолженија, откако основните 90 минути завршија со резултат 4:3 за Реал Сосиедад.

Головите за домашниот тим ги постигнаа Ендрик (30.минута), Белингам (82), Чуамени (86) и Рудигер (115), додека за Сосиедад погодија Андер Баренечеа (16), Давид Алаба (автогол 72), Микел Ојарзабал (80. и 90+3. минута).

На првиот натпревар Реал победи со 1:0 и со вкупни 5:4 избори финале.

Вториот финалист ќе биде познат вечер по одигрувањето на реваншот меѓу Атлетико и Барселона (4:4 прв натпревар). зс/

Фото: ЕПА

Избраниците на Карло Анчелоти врз основа на вкупниот резултат на двата меча се пласираа во финалето на Купот на Шпанија каде што ќе играат со победникот од натпреварот Атлетико Мадрид - Барселона (прв натпревар - 4:4). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан