• недела, 08 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ГН на Бахреин: Норис најбрз на првиот тренинг

ГН на Бахреин: Норис најбрз на првиот тренинг

 

Манама, 11 април 2025 (МИА) – Возачот на Мекларен, Ландо Норис, беше најбрз на денешниот прв тренинг пред трката за Големата награда на Бахреин во Формула 1.

Првиот тренинг Норис го заврши со време од 1:33.204 минути. Возачот на Алпин, Пјер Гасли, беше втор со заостанување од 0,238 секунди, додека Луис Хамилтон од Ферари го освои третото место со 0,596 секунди заостанување.

Вториот тренинг е закажан денеска во 17:00 часот, третиот тренинг и квалификациите се утре, додека почетокот на трката за Големата награда на Бахреин е закажан за в недела во 17:00 часот. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан