• сабота, 27 јули 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска
Скопје, 28 февруари 2022  Богданка Кузеска доаѓа од партија чиј претседател е амнестиран за криминал. Не видовме никој од СДСМ да побара оставка од Заев. И во овој момент очекуваме да одговори Богданка Кузеска дали СДСМ ќе пазари од најновата фирма на наследникот на Заев, Душко Заев. Колку 18 годишници во Македонија може да тераат милионски бизнис? Се што прави СДСМ е  злоупотреба на судството за политички прогон, во ВМРО-ДПМНЕ е нова генерација која ќе донесе промени. Пресудите во таканеречниот предмет Титаник се потврда дека Димитар Ковачевски продолжува со политиките на Зоран Заев, за злоупотреба на правосудните институции за партиски цели. Од случајот Титаник може да видиме како функционира системот на изнуда на СДСМ. Во изминатиов период немаме никаква разрешница за Драги Рашковски, Ден Дончев, Зоран и Вице Заев, ниту бројните други функционери од врвот на власта кои во изминатиов период злоупотребуваа институции. И сега системот на заплашување и изнуди функционира за да можат Заеви и другите моќници од СДСМ да отвораат фирми и милионски бизниси за да профитираат на грбот на народот. Паниката во СДСМ е од новата генерација во ВМРО-ДПМНЕ. Луѓе кои се непоколебливи и одлучни да расчистат со криминалот и корупцијата во државата. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан