Рама е против апсењето на Велиај, но со поддршка за СПАК , Бериша најавува негово укинување
- Албанскиот премиер Еди Рама ја повтори поддршката за Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК и правосудниот систем, но изјави дека е против апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и одредување затворски притвор без судење.

Тирана, 18 февруари 2025 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама ја повтори поддршката за Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК и правосудниот систем, но изјави дека е против апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и одредување затворски притвор без судење.
Во неговиот поткаст „Очи во очи“, го иронизираше лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, нарекувајќи го "Буф од мочуриште".
- Како политичар ја завршив својата должност да ја спроведам реформата во правосудството. Во тоа е разликата меѓу СП денес и ДП вчера, која го уапси поранешниот прв човек на СП, Фатос Нано, рече тој.
Според него критичкиот глас е неопходен таму каде што правосудните органи ги надминуваат овластувањата или каде што има неправилности, но, СПАК, рече Рама, го поддржуваме и ќе функционира и понатаму.
Тоа всушност е одговор на најавата на Бериша дека " доколку победи на парламентарните избори на 11 мај СПАК ќе го укине", обвинувајќи ја оваа институција дека "апси само лидери на опозициски партии". вт/