• сабота, 27 јули 2024

Работна група во МОН ќе биде во координација со надлежните институции за греењето на училиштата

Работна група во МОН ќе биде во координација со надлежните институции за греењето на училиштата
Скопје, 31 август 2022 (МИА) – Во Министерството за образование и наука е формирана работна група која е во координација со министерствата за економија и за финансии и со други надлежни институции, соопшти министерот Јетон Шаќири одговарајќи на прашањето дали МОН има план за затоплување на училиштата во зима во услови на енергетска криза. - Очекувам ние да имаме отворени училишта, добро да соработуваме, централната власт со локалните самоуправи, добро да ги менаџираме училиштата  и најважното тие да ни бидат отворени, рече Шаќири на прес-конференцијата. На прашање дали ќе се признаваат дипломите од верски образовни институции при упис на факултет, министерот одговори дека МОН поднел Предлог-закон и оти вчера на седница на Влада побарал да се најде решение. -МОН поднесе Предлог-закон. Голем број ученици кои завршија во верските училишта се обраќаат до институциите. Мислам дека ќе се реши проблемот, ќе се вметнат во образовниот систем и ќе имаат еднакви можности да конкурираат во високото образование, додаде Шаќири. хс/са/

 

Остани поврзан