Путин: Европејците се сами виновни за развојот на нивните односи со САД
- Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Европејците сами се виновни за она што се случува во нивните односи со САД, но истакна дека Русија не се меша во евроатлантските односи.

Москва, 19 февруари 2025 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Европејците сами се виновни за она што се случува во нивните односи со САД, но истакна дека Русија не се меша во евроатлантските односи.
„Русија не шпекулира за односите меѓу САД и ЕУ, но самите Европејци се виновни за тоа како моментално се развиваат. Што се однесува до евроатлантските односи, ние тука не се мешаме“, изјави Путин.
Тој, исто така, истакна дека не се потребни посредници во дијалогот меѓу Русија и САД. рп/
Фото: МИА архива