Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
- Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг на 16 и 17 мај, соопшти денеска Кремљ.
Москва, 14 мај 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг на 16 и 17 мај, соопшти денеска Кремљ.
Тоа ќе биде прва посета на Путин на една земја откако на 7 мај положи заклетва и го започна својот петти мандат. мс/
фото: ЕПА