• вторник, 27 август 2024

Психијатриски пациент убил две лица и повредил тројца во болница во Германија

Психијатриски пациент убил две лица и повредил тројца во болница во Германија
Берлин, 19 февруари 2021 (МИА)Две лица се убиени, а тројца повредени во напад во психијатриска болница во германскиот град Линебург, соопшти денеска полицијата. Како што пренесуваат германските медиуми, осомничен е 21-годишен маж кој вчера бил примен во болницата и кој, како што има сомневање, нападнал и убил двајца постари пациенти во текот на ноќта. Тој повредил и две медицински сестри, од кои едната тешко и еден полицаец. Полицијата во Линебург соопшти дека мажот е уапсен. паг/  

Остани поврзан