• понеделник, 23 декември 2024

Гроси пристигна во Курск за да процени ситуацијата во нуклеарната централа

Гроси пристигна во Курск за да процени ситуацијата во нуклеарната централа

Москва, 27 август 2024 (МИА) - Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска пристигна во Русија за да ја обиколи нуклеарната централа во Курск, соопшти руската нуклеарна агенција Росатом. 

Гроси треба да направи увид во ситуацијата во електраната и да ги процени потенцијалните ризици во екот на украинската офанзива.

Росатом претходно соопшти дека нападот на украинските сили, започнат на 6 август, ги става во опасност нуклеарните централи во руската област во близина на границата.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан