• среда, 28 август 2024

Русија кривично гони уште двајца странски новинари кои известувале од Курск

Русија кривично гони уште двајца странски новинари кои известувале од Курск

Москва, 27 август 2024 (МИА) – Руската Служба за безбедност ФСБ денеска соопшти дека отворила кривична постапка против двајца странски новинари кои илегално ја преминале руската граница за да известуваат од областа Курск по упадот на Украина.

Повикувајќи се на ФСБ, агенцијата Интерфакс информира дека меѓу новинарите има и репортер на германската телевизија Дојче веле и дописник на украинскиот ТВ канал 1+1.

ФСБ покрена кривични постапки против најмалку седум странски новинари кои известуваа од Курск. Новинарите патуваа со украински воен конвој од Украина до Суџа, каде наидоа на речиси напуштен град со само неколку десетици постари жители.

Максималната казна за секој што ќе биде прогласен за виновен за нелегално преминување на границата е пет години затвор. Украинската инвазија на Курск, најголемата во Русија од странска сила уште од Втората светска војна, почна на 6 август кога илјадници украински војници ја преминаа западната граница на Русија. јт/

Остани поврзан