• сабота, 23 ноември 2024

Продолжуваат преговорите меѓу МОК и ИХФ за учество на хокеарите од НХЛ на Олимпијадата 2022

Продолжуваат преговорите меѓу МОК и ИХФ за учество на хокеарите од НХЛ на Олимпијадата 2022
Лозана, 22 јуни 2021 (МИА) – Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и Светската хокеј асоцијација ИИХФ сè уште се во процес на дискусија за учеството на играчите од професионалната НХЛ-лига на Олимписките игри во Пекинг во 2022 година. Претходно, претседателот на ИИХФ, Рене Фасел, информира дека одлуката ќе биде донесена на почетокот на оваа недела. - МОК продолжува да биде во контакт со Меѓународната федерација за хокеј на мраз по ова прашање“, соопшти прес-службата на МОК. Играчите од најсилната светска хокеарска лига (НХЛ) учествуваа на Олимписките игри од 1998 до 2014 година. Во 2018 година, лигата одби да ги ослободи хокеарите на турнирот. Зимските олимписките игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година. зс/

Тагови

Остани поврзан