• петок, 08 ноември 2024

Продолжија судирите во палестинскиот камп во Либан, бројот на жртвите се искачи на шест

Продолжија судирите во палестинскиот камп во Либан, бројот на жртвите се искачи на шест

Бејрут, 31 јули 2023 (МИА) - Судирите во палестинскиот бегалски камп во Либан меѓу членовите на Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас и исламските групи продолжија денеска, трет ден по ред.

Портпаролот на либанската армија изјави дека бројот на загинати во конфликтот во кампот Ајн ел Хилве е зголемен на шест, иако според некои информации има уште повеќе жртви.

Двајца војници стационирани надвор од кампот се полесно повредени, изјави полковникот Фади Абу Еид.

И покрај напорите на либанските партии и некои палестински фракции да посредуваат за прекин на огнот, „пукањето и гранатирањето не престанаа во кампот до овој момент“, рече Аднан Рифаи, член на народниот комитет, владејачкото тело на кампот.

Либанската армија е стационирана на контролен пункт надвор од кампот контролиран од палестинските фракции и вообичаено не влегува во него.

Судирите избија во неделата кога исламските екстремисти го убија палестинскиот воен генерал Фатах Абу Ашраф ал Армуши и тројца негови придружници на паркингот во кампот. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан