Приведено лице од кумановско, барано со потерница
- Полициски службеници од СВР Куманово по наредба од Основниот суд Куманово, синоќа во 23:50 часот, го лишиле од слобода Д.А.(32) од кумановското село Умин Дол, кој бил баран со потерница за из
![Приведено лице од кумановско, барано со потерница](https://mia.mk/index.php/images/20221114024200_big_730x400_29.webp )
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово по наредба од Основниот суд Куманово, синоќа во 23:50 часот, го лишиле од слобода Д.А.(32) од кумановското село Умин Дол, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна.
Како што информираат од МВР, лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Кшање за издржување на казната. дма/бак/