Приведени осомничени крадци во Битола, одземеното вратено на сопственикот
- Битолската полиција синоќа во 21.45 чaсот ги лишила од слобода А.М. (40) и И.К. (55), двајцата од Битола, кои се сомничат дека истиот ден извршиле „тешка кражба“, при што од рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола одзеле повеќе предмети.
Скопје, 7 март 2024 (МИА) - Битолската полиција синоќа во 21.45 чaсот ги лишила од слобода А.М. (40) и И.К. (55), двајцата од Битола, кои се сомничат дека истиот ден извршиле „тешка кражба“, при што од рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола одзеле повеќе предмети.
-При преглед на патничко возило „нисан”, во кое се превезувале, биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот, информираат од МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/са/
фото МИА архива