• вторник, 26 ноември 2024

Јавно обвинителство: Еден осомничен за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново

Јавно обвинителство: Еден осомничен за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Републичкото јавно обвинителство денеска информира дека за осомниченото лице за обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново ќе се спроведува истражна постапка. За осомничениот, кој е недостапен за органите на прогонот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор која доколку биде определена ќе започне ефективно да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода. 

-Поради основано сомнение за кривично дело – Убиство oд член 123 став 2 точка 3, а во врска со член 19 (во обид), Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на Арачиново. Тој е осомничен дека на 1 април со умисла се обидел да го лиши од живот градоначалникот на таа општина, а во опасност ги довел и животите на уште неколку лица. Додека градоначалникот со своите соработници од Општина Арачиново и вработените од фирма-изведувач вршеле увид на градежни работи, осомничениот дошол со мотор, се паркирал и со автоматска пушка во рацете пришол на групата луѓе. Почнал да пука кон градоначалникот и со неколку проектили погодил две лица во неговата непосредна близина, информираат денеска од Републичкото јавно обвинителство. 

Во соопштението се додава дека до Министерството за внатрешни работи се издадени соодветни наредби за пронаоѓање на осомниченото лице. 

Настанот се случил се случи на 1 април 2024 во скопското село Арачиново, кога било пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Р.И. и други лица вработени во општината, непознато лице од автоматско оружје испукало повеќе проектили додека тие вршеле увид во градежни работи. Во пукањето биле повредени Е.С. (39) и А. А.(22). сст/нд/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан