• петок, 26 јули 2024

Претреси во Штип, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Претреси во Штип, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Приведени двајца дилери од Штип, откако полициските службеници при претрес на нивните домови пронашле дрога.

Од слобода биле лишени А.Џ.(36) и Ќ.Х.(22) од Штип.  

- При претрес во домот на А.Џ., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, поголема сума пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во домот на Ќ.Х., извршен исто така со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана, известуваат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. ир/дма

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан