Пронајдено оружје во Крушево
- Денеска со судска наредба, полициски службеници од СВР Битола во крушевското село Свето Митрани, извршиле претрес во куќа сопственост на Г. Б.(38) од село Свето Митрани.

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Денеска со судска наредба, полициски службеници од СВР Битола во крушевското село Свето Митрани, извршиле претрес во куќа сопственост на Г. Б.(38) од село Свето Митрани.
МВР соопшти дека при претресот биле пронајдени и одземени пушка, пиштол, две рамки за пиштол и куршуми за пиштол.
По целосно документирање на настанот, против Г.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/бак/
Фото: МВР