• вторник, 24 декември 2024

Превентивни активности на полицијата во Дебар

Превентивни активности на полицијата во Дебар

Дебар, 6 септември 2022 (МИА) - Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи - Охрид, на подрачјето на дебарското одделение за внатрешни работи,  ги реализираше превентивните кампањи „Слави со срце, не со оружје“ и „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

 -Во рамки на активностите, полициските службеници од ОВР Дебар, ги посетија основните училишта на подрачјето на Дебар и ги запознаа најмладите какви се сообраќајните правила и прописи. Исто така,  беа спроведени активности и со возачите со препораки за дополнителна претпазливост кога се во близина на училишта и градинката, рече Димоски. 

 Целта, пак, на кампањата „Слави со срце, не со оружје“, додава тој, беше низ непосредни разговори со граѓаните, да им се укаже на последиците од употребата на оружје на семејни веселби, како и околу казнените одредби поврзани со неовластена употреба на огненото оружје. вт/хс/ 

Остани поврзан