• петок, 08 ноември 2024

Првиот товарен брод го напушти окупираното украинско пристаниште Бердјанк

Првиот товарен брод го напушти окупираното украинско пристаниште Бердјанк

Киев, 30 јуни 2022 (МИА) - Првиот товарен брод го напушти украинското пристаниште Бердјанск, окупирано од Русија, изјави денеска локален официјален претставник откако Русија соопшти дека пристаништето е деминирано и дека е подготвено да продолжи со испораката на жито.

„По пауза од неколку месеци, првиот товарен брод го напушти пристаништето Бердјанск“, објави на Телеграм Евгениј Балицки, функционер назначен од Русите во окупираните територии на регионот Запорожје.
Според Балицки, првиот товарен брод што исплови превезува 7.000 тони жито во „пријателските земји“. Украина ја обвини Русија дека краде пченица од териториите окупирани од руските сили од почетокот на инвазијата кон крајот на февруари. Кремљ негира дека Русија украла украинско жито. Како што пренесуваат медиумите, војната може да предизвика сериозен недостиг на храна бидејќи Русија и Украина сочинуваат околу 30 отсто од светскиот извоз на пченица. Претходно овој месец, рускиот министер за одбрана рече дека украинските пристаништа Бердјанск и Мариупол, кои се под контрола на руските сили, се подготвени да продолжат со испораката на жито. Западните земји ја обвинуваат Русија дека создава ризик од глобална глад со тоа што ја спречува Украина да извезува жито преку нејзините пристаништа на Црното Море. Москва ја негира одговорноста за меѓународната криза со храна, обвинувајќи ги западните санкции за тоа. паг/    

Остани поврзан